Земјотрес од 5 степени го протресе Охрид, почувствуван и во Скопје

Нов земјотрес во Охрид, овој пат со јачина од 5 степени според Рихтер. Земјотресот го почувствуваа и скопјани. Земјотресот го стресе Охрид и околината точно во 13:18 часот, стои во податоците на веб-страницата на Европската сеизмолошка станица.

Епицентарот бил 12 километри северо-источно од Охрид, на длабочина од 10 километри.

Ова е најсилниот земјотрес досега, откако денеска имаше веќе три со помала јачина.

Претходниот беше со јачина од 3,7 степени, по Рихтер, регистриран утрово во 3:54 часот.

Во текот на изминативе две недели во охридското епицентрално подрачје забележани се над 800 послаби потреси.

Во продолжение, прочитајте го прирачникот за постапување при случаи на земјотрес, објавен од Дирекцијата за заштита и спасување.