Земјата на Чудата – Земја на Добрина и Вистина

strnek6totka

Чудесен сон и реалност на ДОБРИНА И ВИСТИНА – инспирација бесконечна за творење. Mирната идила на спокој, семејна љубов и домот – срцето на семејството. Природни светли раскоши со мириси на пролет во градини на мир, милост и мудрост, широко небо на радост и смеа – нема војна нема татнеж! Студент млад низ хорови на вечна вистина и живот, оди на вечни радости се издигнува, над небесни височини каде гласови ангелски ѕвонат. Болка и болест – радосна тага. Прекрасен чудесен реален свет. Љубов над Љубовта, Добрина над Добрината, Живот над Животот – Бог, Бесконечност над Бесконечноста – Големината на Бог. Инспирација вистинита и вечна за креативно творење и пренесување достоинствени пораки – радоста за животот и убавината на добрина и вистина.

Земјата на чудата – земја на вистини – НАША ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА – чистота на форми, облици и норми проткаени низ инспиративни и длабоко продуховени богати историски и традиционални вредности на македонскиот народ. Дел од тие историски наследства се и традиционалните костими кои претпреле страданија и тешкотии. Белези и еден од доказите за постоење на еден народ и култура на живеење, творби создавани преку ракотворење. Пренесувајќи етичен кодекс на облекување, однесување и живеење во време на морал како и здрав духовен живот.

Студенти и млади во Новата светска потајна војна
Моралните вредности и доблести на човекот заради атеистички, новодопски и деструктивни модни движења како и различни наметнати модернистички уметности денес претрпуваат нова тајна војна.
Малите секуларистички умови а навидум големи огромното поле на култури го трансформираа во поле на антикултури. Поле за натпревар на што по обемна антикултура на деструкции и беда на ништожно обликување – атеистички стремежи низ целиот свет за да тие еден ден станат натпревар на неморал и безаконија, денот за кој зборуваме е токму денешниот исполнет со лудилата.
Се појави таа темна бездна исполнета со сатанистичка силна матна популација, пред се младина – деца на материјализмот. Бездна која интензивно РАСТE а земјата на здраво креативно генетско поколение постепено го губи својот сјај, зошто нашата младина, нашите колеги и сограѓани заборавија на својот ген, заборавија на култура на живеење!
Ги загадуваат реките на живот, почва и воздух а најлошо од се духот свој.

Но Добрината и Вистината е Светлина Вечна , Пречиста Предобра, Над се. Таа Убавина на Добрина победува и кога претрпува најтешки времиња и останува духовно богатство за поколенијата. Како и македонскиот фолкорен костим – кој претрпел многу но достинството, вистината и моралните вредности на таа естетика како етика на човечко битие, убавина – добрина , убавина на човечност ќе остане вечно запаметена . Неуништлива од беда човекова, вечна инспирација за следните здраворазумни генерации на земјата се до нејзиното постоење.

Синтезата на естетика и етика претставува една димензија на здрава облагородена современа уметност . Здрав и конструктивен спој иако живееме во новоземни лудила на нездрав и деформиран свет. Интегрирањето на македонски фолклорни мотиви во современиот моден дизајн претставува функционалност на убавото како добро преку обновување, продолжување и осовремување на историските културолошки и духовни богатства од животите на нашите предци. Современо модно движење на елеганција и традиција со достоинствени пораки дека македонските ракотворби се длабоки ризници на инспирации за дизајнерски содржини со култролошки пораки во денешното далеку неморално деструктивно творење на мода и уметност.

Постојаноста и истрајноста на моралните вредности и доблести –
се култура на живеење на народите
тие остануваат вечни запаметени во историјата на човештвото.
Мојата земја на радост, земја на добрина – земјата на чудата,
е мој сон и реалност на СВЕТЛИНА
која останува и понатаму радост и светлина за инспиративни
истражувања и творења.

Ги имаме вистинските ризници на вечно духовно богатство,
истражувајте, создавајте и пренесувајте достоинствени и полезни пораки
за човештвото.
Бидете инспирирани од доблестите на добрина и вистина
Бидете иновативни и креативни.

Елица Ристова