Британски научници ги анализирале сателитските снимки на глечерите, планините и ледените плочи во периодот од 1994 и 2017 година и дошле до заклучок дека планетата Земја во тој период изгубила 28 трилиони тони мраз, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Научниците од универзитетите во Лидс, Лондон и Единбург таквата голема загуба на мразот ја нарекуваат неверојатна и сметаат дека тоа би можело да резултира со драматичен пораст на нивото на морињата, дури и за еден метар до крајот на овој век.
„Секој сантиметар раст на нивото на морето значи дека во блиска иднина, милион луѓе ќе бидат раселени од своите домови кои се наоѓаат на ниска надморска височина“, изјави професорот Енди Шепард од Универзитетот во Лидс.
Драматичното губење на мразот може да има и други последици, вклучително и нарушувања во биолошкото здравје на водите на Арктикот и Антарктикот и намалување на можност на планетата да го рефлектира сончевото зрачење назад во вселената.
Резултатите одговораат и на најлошото сценарио на Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите Нации (ИПЦЦ).
„Претходно, научниците проучувале одредени области каде се топи мразот, како што се Антарктикот или Гренланд, но, ова е првпат некој да го проучува глобалното топење на мразот кој исчезнува од нашата планета“, изјавил Шепард.
„И она што го откривме нè запрепасти. Малку е веројатно дека голем дел од изгубените 28 трилиони мраз е директна последица на затоплувањето на климата“, додаде тој.