„Земја на граници“ – интерактивна изложба во кафе-бар „Шила“

Во организација на група солидарни граѓани, овој понеделник ќе се одржи интерактивна изложба во кафе-бар „Шила“.

Целта на изложбата е да посведочи за животот на бегалците кои се заглавени во Македонија, без слобода и кои се обраќаат за солидарност и поддршка. Фотографиите и сликите кои ќе бидат изложени се од самите бегалци/ки, фоторепортери, организации и активисти кои ќе го пренесат нивниот секојдневен живот во Македонија, нешто што не може да се види во медиумите.

„Се надеваме на вашето присуство, за да го споредиме нашиот живот со нивниот и да си ги најдеме заедничките борби“, стои во поканата за настанот.