„Земи ја за сериозно“ – Едукативна трибина за превенција од рак на грлото на матката

Утре, 28 јануари, во 11 часот во Порта Македонија ќе се одржи едукативна трибина за превенција од рак на грлото на матката.

Настанот го организира здружението за борба против рак “БОРКА за секој нов ден” во соработка со Македонското Здружение за Цервикална Патологија, Колпоскопија и ХПВ, кои и оваа година ја одбележуваат Европската недела за превенција од ракот на грлото на матката.

Повеќе за настанот и начинот на кој заинтересираните можат да се пријават за присуство, можете да најдете на фејсбук настанот.