Зеленски: Се договоривме да се сретнеме со руската делегација на украинско-белоруската граница

Украинските власти се согласија да се сретнат на разговор со руските власти, и тоа на границата помеѓу Украина и Белорусија, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесува Евроњуз.

„Се договоривме дека украинската делегација ќе се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат“, рече тој во соопштението.

„Александар Лукашенко ја презеде одговорноста за фактот дека сите авиони, хеликоптери, ракети распоредени на белоруската територија ќе останат на теренот додека трае посетата, преговорите и враќањето на украинската делегација“, соопшти Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, објави дека рускиот нуклеарен арсенал е ставен во состојба на готовност како одговор на санкциите и „агресивните изјави“ против земјата.

„Западните земји не преземаат само непријателски економски акции против нашата земја. Лидерите на земјите од НАТО даваат агресивни изјави против нас“, рече тој.

На состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на вооружените сили Валериј Герасимов, Путин нареди нуклеарно одвраќање на Кремљ, но и други балистички ракети „на посебен режим на должност“, рече тој.

Повеќе од 200 цивили се пријавени за загинати во војната во Украина, изјави претставник на одбраната, додека тешки борби беа забележани во вториот по големина град во земјата Харков.

Регионален гувернер подоцна тврдеше дека градот е повторно под контрола на Украина.

Претходно, руските сили, ги таргетираа и резервите на гориво, вклучително и гасоводот во Харков и складиште за нафта во близина на воздухопловната база во Васкилков. Војниците опколија два града на југот на Украина, јавуваа руските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека била „тешка ноќ“ откако руските сили нападнале цивилна инфраструктура. Тој соопшти дека Украина поднела тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг.

Западните земји вчера објавија дека ќе ги отстранат „избраните руски банки“ од SWIFT во обид да ја отсечат земјата од меѓународниот финансиски банкарски систем.

Во меѓувреме, повеќе од 360.000 луѓе ја напуштија Украина во изминатите три дена откако Русија ја започна инвазијата, соопшти агенцијата за бегалци на ОН.