„Здраво млади“ вечерва во МКЦ

Вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Здраво млади“. Годинава ѕвезди се американскиот грув-колектив„!!! (Чк чк чк)“, кои за првпат настапуваат во Македонија.

Здраво млади

За отворањето на фестивалот, во 19.30 часот е најавена групата „Еквинокс“ во 19.30. По нив настапуваат „ТРУС!“ во 20 часот, „Фонија“ (20.45), „Софт мун“ (21.35), „Дисциплин А кичме“ (22.40). Настапот на „!!! (Чк Чк Чк)“ ќе почне на полноќ. Во Бифето МКЦ во 1.30 часот ќе започне настапот на Клеемар.

Визуелниот идентитет на фестивалот ќе го обликуваат виџеј Алерта (Холандија/Чиле) и виџеј Видбит (Турција).

На Dance натпреварот пак водител ќе биде Да Џака Накот, а музика ќе селектира DJ Гоце. Свој настап ќе имаат и судиите во натпреварот Yanitza Stankeva и Ekzarka Sleepwaligz од Бугарија. Натпреварот ќе се одвива во паузите помеѓу бендовите, а победникот ќе добие фестиваски Skopje Fixie велосипед. Свој промотивен штанд на Здраво млади! ќе има и големиот Сигет фестивал од Будимпешта, Унгарија.

Фестивалската бина годинава ќе биде поставена на самата улица, односно на коцката на „Кеј Димитар Влахов“. Организаторите ја охрабруваат својата публика да ги остави автомобилите дома и на фестивалот да дојде пеш, со јавен превоз, такси. Тие со автомобили сепак ќе може да се паркираат на паркингот кај МТВ, катната гаража кај судовите или спроти МАНУ, или, пак, на паркингот кај „Холидеј Ин“.

1

Вратите за влез на фестивалот ќе се отворат во 19 часот.

Здраво млади“ – фестивалот на нова музика донесе значајна свежина во скопскиот културен живот – во досегашните три изданија гостуваа одлични артисти, од кои многумина за првпат во Скопје: Matias Aguayo, Rebolledo, No Age, Rashad, Spinn, Handsome Furs, Bomb The Bass, Obojeni Program, како и редица млади домашни и странски артисти.