„Здраво млади“ вечерва во МКЦ парк

На две бини вечерва во МКЦ паркот, со почеток во 18 часот ќе се одржува 11. издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“.

Публиката ќе има можност да ги слушне: Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот романтик од Хрватска – Peki Pele, најдориот руски чин во живо – Shortparis, домашните Луфтханза, ИСКРА и Blackstate и човекот без кој не се одржува фестивалот – Ирецот DJ FITZ.

Покрај музичката програма, ќе се отвори и изложбата на Бранкица Јордановска под наслов „Маска или преобразба на изопаченото“. Исто така, ќе бидат изложени сите постери од Конкурсот за официјален постер на „Здраво млади 11“ на којшто победи Катја Штркова.

Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор.
Билетите изнесуваат 400 денари, истите се достапни на www.bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.