„Здраво Млади“ по петти пат – квалитетна музика и одлична енергија

Младинскиот културен Центар и годинава беше домаќин на фестивалот чија таргет група се младите, по возраст и дух, љубители на добра музика, новата музика и квалитетните бендови. Со позитивно расположение и забава и програма која траеше повеќе од 12 часа, долгоочекуваниот „Здраво Млади” и годинава не ги разочара посетителите.

Фестивалот започна точно напладне, со настапот на Lepi Xhoni кој го отвори првиот блок на настапувачи. Аплаузи следуваа и за Surtukler, директно од културниот центар „Кула“,бендот СИЗ и нивниот проект R.I.P.

IMAG1168

Кон крајот на првиот блок настапи омиленото домaшно дуо кое веќе четири години се појавува на сцената на „Здраво Млади”- познатите !„TИ” кои настанот го искористија за промоција на новиот албум. И како јаготка на шлагот за дневната програма, првиот блок го затворија „Conquering Lion”, бендот кој полека, но сигурно ја освојува македонската алтернативна музичка сцена.

Одлична атмосфера,сонце и добрата музика беа главната причина МКЦ ова неделно попладне да ги собере љубителите на добра музика, но и да ги задржи до доцните ноќни часови. Вториот блок го отворија хрватската панк-поп дружина „Vlasta Popic“ , за да продолжат несекојдневните Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp кои со својот настап ја развеселија публиката.

Вечерта продолжи со белградска „поп-нојз“ атракција „Артан Лили“, и познатите METZ – „нојз-рок“ бендот од Торонто кој го задоволи вкусот на љубителите на овој вид музика.

Целата забава потоа кулминираше со дуото „Prinzhorn Dance School” и со „новата инкарнација “ на BERNAYS PROPAGANDA кои и овојпат, како со изведбата , така и со силниот  настап дополнет со видео проекции, не ја оставија рамнодушна македонската публика.

IMAG1196

Петтото издание на „Здраво Млади“ го затвори настапот на музичкото гуру „GONJASUFI”, а неколку стотини посетители и покрај тоа што фестивалот беше поместен во недела, останаа да се забавуваат до доцна во ноќта.

Посетителите освен добрата музика уживаа и во здрава храна зачинета со помфрит, но и витамински, покрај алкохолните пијалоци. Секако, неизбежен беше и штандот со промоција на маици од самиот настан.

Македонската музичка сцена има можности за раст,се додека ваквите фестивали се одвиваат во континуитет и овозможуваат промоција на квалитет,различност и одлична атмосфера е впечатокот кој се наметна со завршувањето на петтото издание на „Здраво Млади“.

„Здраво млади 4“ и „!!! Чк чк чк“ ја раздвижија скопската публика