Здрава котлина: Помина рокот, ќе ги повикаме граѓаните сами да се заштитат и да го решат проблемот со низа мерки против рудниците

„Здрава котлина“ известува дека Владата и Собранието на Република Македонија не презеле ништо во врска со нивното јавно барање од 8 октомври, во кое бараа конечно да се разреши проблемот со т.н. рудници на смртта. Со ова сметаат дека е поминат рокот, односно заклучно со 16 октомври не добиле никаква повратна информација за тоа дали воопшто се размислувало за овој горлив проблем како тема за дневен ред на двете најважни институции во државата.

„Согласно истото јавно барање, ја информираме јавноста дека отсега ќе сметаме дека Владата и Собранието, без оглед на политичките констелации внатре, го избегнуваат проблемот и не сакаат да ја разрешат егзистенцијаланата закана за регионот од рудникот Иловица-Штука, но и тоа дека жителите на нашиот регион се препуштени на сами на себе, без заштита од државата која ги има сите правни и други основи за раскинување на договоро со концесионерот Еуромакс Рисорсис, а тоа не го прави“, велат активистите.

Во таа смисла, од „Здрава котлина“ информираме дека деновиве ќе ги повикаме граѓаните сами да се заштитат и да го решат проблемот со низа мерки и граѓански активности кои, како што велат, се во тек на разработка.