Завршува реконструкцијата на три скопски сообраќајници

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата „Лазар Личеноски“ кај скопското Кале, улицата „Востаничка“ во општината Кисела Водаа, а денеска треба да е готова и реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Нова железничка Станица, соопштија од Градот.

Улицата „Лазар Личеноски“ се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, во должина од 1.300 метри каде беа проширувани и тротоарите и заменети оштетените рабници.

Улицата „Востаничка“ се реконструираше на потегот од улицата „Црниче“ до улицата „Свети Наум Охридски“, а во должина од 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, беа реконструирани тротоарите со замена на бекатон-плочките, и беа направени 76 нови приклучоци во водоводната мрежа.

Улицата „Никола Карев“ пак се реконструираше во должина од 510 метри, при што освен коловозот, реконструирани се и тротоарите, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници, велат од Градот.