Завршна изложба на студентите од ФЛУ на 17 и 18 мај

Дела на кои работеле студентите од прва до четврта година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ќе бидат претставени на завршна изложба.

Таа ќе трае два дена, на 17 и 18 мај, со тоа што првиот ден ќе се одржува во Факултетот за ликовни уметности (зградата до Педагошкиот факултет) со почеток во 20 часот.

Наредниот ден, изложбата се сели во Сули ан, по што ќе следува и неформална забава.