Заврши зимскиот распуст, учениците се враќаат во клупите

По три недели одмор, околу 270 илјади средношколци и основци денеска се враќаат во ученичките клупи.

Министерството за образовани и наука за време на распустот соопшти дел од промените во наставните планови и програми за следната генерација првоодделенци.

Тие предложија намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри и вежбање на часовите, наместо домашни задачи, како и редуцирање на тестовите.