Заврши стрип школата на „Макстрипови“, учесниците ќе ги изложуваат делата на „Стрип трип“

„Каков крај на стрип школата! Учениците не’ фасцинираа со нивните дела, јаки идеи и посветеност на професионално ниво“, велат дечките од „Макстрипови“, чија стрип школа се одржуваше од јануари до мај со поддршка на НВО центарот и МКЦ.

„20 саботи поминаа во стрип едукација, но и разговори за животот, слушање добра музика, споделување на книги и стрипови, а посебно би ги нагласиле новите пријателства!“, посочуваат од „Макстропови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAKSTRIPOVI (@makstripovi)

Стрип школата што ја водеа Здравко Гиров и Давор Драмиќанин е увертира за фестивалот „Стрип трип“ кој ќе се одржува на 8 и 9 јуни во МКЦ. На овој фестивал, меѓу другото, ќе бидат изложени и дел од стриповите на учесниците во стрип школата.

„Планот е да имаме изданија на хартија и да излезе барем по едно дело од нив, како мини изложба“, велат од „Макстрипови“.

Како се одвиваше стрип школата, погледнете во видеото на Радио МОФ:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)