Заврши снимањето на филмот за деца „Потрага по загубеното богатство“

На падините на планината Китка и на неколку други локации од 26 јуни до денеска се снимаше авантуристичкиот филм за деца  „Потрага по загубеното богатство“ по сценарио и режија на Кузман Кузмановски, во продукција на Аурипигмент  од Скопје и Детскиот креативен центар „Тинтири-минтири“.

Главните улоги во филмот ги играат актерите Билјана Јовановска и Владо Дојчиновски и десет деца членови на „Тинтири-минтири“ од цела Македонија. Директор на фотографија е Кирил Шентевски.

Снимањето беше организирано во рамки на филмскот камп за деца во село Градовце, општина Зелениково, каде што децата имаа можност да стекнат основни знаења за снимањето филмови.