Заврши реконструкцијата на блокот А од Студентскиот дом „Гоце Делчев“

Министерството за образование и наука (МОН) ја заврши реконструкцијата на блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“, како втора фаза од процесот за целосна обнова на домот.

Според МОН, зафатите на блокот А чинат околу 1,5 милиони евра, средства со кои е извршена замена на вратите прозорците, под­овите, електричната и водоводната инстал­ација, системот за парно греење, молерис­ување на ѕидовите, нови лиф­тови и опрема во соб­ите.

Досега се реновирани блоковите А и Б, а според најавите за десетина дена се очекува да започнат активностите и за реновирање на останатите два блока В и Г и до следната година да бидат целосно завршени.

„За двата блока кои до­сега се обновени, ин­вестирани се 3 милио­ни евра. Секој од блоковите во просек имаат меѓу 320 и 335 легла, што само по себе е како една висококатница“, изјави заменик-министерот за образование Спиро Ристовски.