Заврши акцијата „Цел Центар на точак“ – субвенционирани 1047 велосипеди

Општина Центар соопшти дека акцијата “Цел Центар на точак”, во која општината парично ги помагаше жителите кои купувааат велосипед со 30% од вкупната цена, е завршена. За акцијата биле издвоени два милиони и 800 илјади денари (нешто над 45.000 евра), а вкупно се субвенционирани 1047 велосипеди.

Од општина Центар велат дека се задоволни од текот на акцијата, бидејќи „центарци покажаа голем интерес и за нецели два месеци се исполни квотата. Со минатогодишните 870 велосипеди, центарци покажуваат дека сакаат поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж“.