Затворено претставништвото на Амнести Интернешенел во Москва

Московската канцеларија на хуманитарната група за човекови права, Амнести Интернешанел, е затворена од страна на руските власти, известија од организацијата.

Портпарол на Амнести изјавил за Independent дека пристигнале на работа утринава и виделе дека вратите до канцеларијата се пломбирани, катанците отстранети, струјата исклучена, а безбедносниот систем со аларм деактивиран.

На вратата имало оставено известување од Градот Москва, од кои Амнести ја изнајмува канцеаријата, во кое пишува дека никој не смее да влезе во просториите без придружба од руската полиција. Просториите биле „сопственост на град на Руската Федерација“, пишува на известувањето.

Сепак, кога вработените се јавиле на телефонскиот број оставен на документот, никој не им одговорил.

Амнести не добиле никакво преудпредување за затворањето и сѐ уште не се сигурни зошто биле затворени. Персоналот во Москва вели дека се трудат да го разрешат проблемот најбрзо што можат.

Џон Далхуизен, директор на Амнести Интернешенел за Европа, вели:

„Не знаеме што ги предизвикало властите во Москва да му забранат на нашиот персонал да влезе во канцелариите. Тоа е недобредојдено изненадување, за кое не добивме никакво предупредување“.

Амнести беа многу критички кон Русија во последните години. Последен случај беше кога Амнести побара од руските власти да ги истражуваат обвиненијата за мачење на добро познатиот опозициски активист, Илдар Дадин, кој моментално е во затвор.

Руските закони бараат од невладините организации кои добиваат финансии од странство, да се регистрираат како странски агенти, со што им се поставуваат многубројни рестрикции. Минатата година беше изгласан закон со кој се дозволува странските организации да бидат забранети од државата доколку се смета дека се „непосакувани“ врз основа на национална безбедност.