Затвореници од „Шутка“ ќе ја чистат Зоолошката градина

Денеска беше склучен меморандум за соработка помеѓу Зоолошка градина Скопје и КПУ “Шутка”, со кој  е предвидено затворениците од „Шутка“ да ја чистат Зоолошката градина.

„Проектот започна со ресоцијализација и едуцирање на осудени лица за полесни кривични дела, а понатаму ќе продолжи со волонтирање како и донации од КПУ „Шутка”. Зоолошка градина Скопје е отворена за соработка со сите државни установи и институции“, соопштија од зоолошка градина.