Застрелани волците што побегнаа од ЗОО Битола, Анима мунди бара одговорност

И двата волци кои вчера побегнаа од зоолошката градина во Битола се застрелани. Од „Анима мунди“,  шокирани од ваквата вест, бараат итно затворање на градината и најстрога казна за одговорните лица.

Анима мунди

Како што синоќа објави телевизијата Тера, веста за застрелувањето на волците ја потврдил директорот на ЗОО Битола. Првиот волк бил застралан во обидот да избега од живеалиштето, вториот по повторниот обид за бегство.

„ Волкот дефинитивно е ликвидиран, се вратил во живеалиштето, но повторно се обидел да бега па мораше да го застрелаат“ , вели директорот Нешовски.

За „Анима мунди“ ова е доказ дека градината во ниту еден случај не ги задоволува стандардите за заштита и благосостојба на животните и освен што ги измачува животните, е континуирана закана и опасност по жителите на градот.

„Фактот дека 2 волка избегале од таму, укажува пак каква е безбедноста на граѓаните – оние кои влегуваат во Зоолошката, но и оние кои живеат во градот. Ги повикуваме институциите на итна реакција и одземање на дозволата за работа на Зоолошката во Битола, и итно одземање на животните. Време е во интерес на живите несреќни животни и заштитата на жителите на Битола, таа тажна Зоолошката да се ликвидира – засекогаш!“, се наведува во соопштението на „Анима мунди“.