„Застани со неа“ Кинеските универзитети започнаа кампања против менструалната стигма

Кутии за бесплатни влошки биле поставени на студентските кампуси во Кина, во обид да се намали стигмата кон ментруацијата во земјата.

Кинеските студентки започнаа програма за поставување на кутии за бесплатни влошки во тоалетите на универзитетите низ Кина за да се намали срамот од менструацијата помеѓу помладите девојки.

Кутиите за влошки биле поставени низ 250 кампуси како дел од кампањата на социјалите мрежи предводена од активистичката група „Застани со неа“. Оние лица кои ќе се послужат од кутиите, имаат можност да го пополнат количеството на средствата за хигиена.

Ванг Пин, студентка од трета година во Универзитот „Минзу“, истакнала дека со помош од дузина студенти, биле поставени 10 кутии околу кампусот.

„Ова го правиме со цел да ставиме крај на стигмата за менструацијата. Ние не го одбегнуваме дијалогот, туку конкретно се соочуваме со проблематиката.“, додала таа.

Ретките движења на менструалната тема се зголемија во Кина, земја каде менструалното здравје често се гледа како извор на срам и несериозно е сфатено од здравствените авторитети.

При почетокот на пандемијата, здравствените работнички истакнале дека сретсттвата за хигиена не биле сметани за важни и тие не добиле никакви залихи. Локална невладина организација одржувала јавни средби за да собере донации на влошки и менструална долна облека која подоцна била донирана за здравствените работнички.

Оваа година во август, слика од распродажба на пакет од 100 евтини небрендирани влошки со цена од 3 долари, се проширила на социјалните медиуми со што започнал разговор за менструалнатаа сиромаштија и тешките животни услови на жените и девојките во кинеските рурални реони. Дел од активистите ги повикале властите да понудат помош за оние кои не можат да си ги дозволат производите.

Студентките изјавиле за „Гардијан“ дека тие неретко се чувствуваат засрамено при купување производи за менструална хигиена. Студентката Лиу од трета година при Универзитетот „Гуангхи“, изјавила дека секогаш кога купува производи за ментруална хигиена, продавачите ги пакуваат производите во црна пластична кеса, одвоени од останатите продукти.

Ту Јаџи, една од волонтерките кои ги поставувале кутиите во Колеџот за медицина „Ченгду“, нагласила дека ова е еден од начините да се помогне во Кина, каде движењето #МеТоо што се раширило низ индустриските сектори неретко е сведено на цензура и легални битки.

„Ова е една работа која можам да ја направам како жена која им помага на другите жени“, изјавила Ту.

Извор: Guardian