Засилени патроли низ Аеродром за пешаци на велосипедски патеки и кучиња без маски

Скоппската општина Аеродром најавува засилени патроли и парични казни за пешаци и моторциклисти кои се движат по велосипедските патеки, но и за сопствениците кои своите кучиња ги шетаат без маски и оставаат смет зад нив.

„Велосипедските патеки не смеат да ги користат пешаци, ниту мотоциклисти, а особено не лицата кои ги шетаат своите миленици, бидејќи претставуваат потенцијална опасност за велосипедистите и ролерџиите, за кои се наменети овие патеки. Во спротивно следуваат парични казни, доколку ги затекнат Општинските комунални служби, кои во придружба на полицијата од денеска, 13.7.2015 година, ќе почнат со засилени патроли низ општината“, се наведува во апелот на општината.

Од оптината апелираат до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини.

„Освен тоа, шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота. Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“, посочуваат од Општината.