Запознавање со Firefox OS во Македонија

Локалната заедница на Mozilla со поддршка на Mozilla Inc. на 10 мај во Скопје организира настан за претставување и запознавање на FirefoxOS со домашната програмерска заедница.

Запознавање со Firefox OS во Македонија

Еднодневниот настан ќе им овозможи на учесниците директно да се запознаат со новите технологии за мобилни уреди од Mozilla – FirefoxOS. FirefoxOS e нов оперативен систем за мобилни телефони кој ја носи моќта на отворената мрежа на мобилните уреди и со тоа ќе им овозможи поголема приватност, слобода и контрола во секојдневното мобилно искуство.

Настанот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ, ул. „Руѓер Бошковиќ“ 16, соба 117.

Mozilla Македонија е група на волонтери од Македонија која помага во ширењето на вредностите што Mozilla ги промовира и технологите што ги произведува со цел да помогнат на луѓето да го контролираат и истражат целиот потенцијал на нивните животи на интернет. Mozilla пак е светска заедница на информатичари, мислители и градители кои што работат заедно за да го одржат интернет жив и достапен, така што луѓето од целиот свет ќе можат да бидат информирани создавачи и придонесувачи на мрежата.