Започнува зимскиот распуст за учениците

Денеска е последниот ден од првото полугодие на учебната 2017/2018 година, а од вторник учениците и официјално ќе бидат на зимски распуст.

Зимскиот распуст трае три недели, а второто полугодие ќе започне на 22 јануари.

Училиштата, според препораките на Министерството за образование и наука, ќе останат затворени за време на празниците, а наставниците ќе тргнат на работа на 9 јануари.