Денеска и утре (16 и 17 август) во Велестово се одржува 25-та Поетска ноќ во Велестово. Вечерва во 21:00 часот ќе биде претставен групен портрет на младата македонска поезија, преку читања на 14 млади македонски поети, родени периодот помеѓу осумдесетите и деведесетите години од минатиот век.
Ќе настапат: Славица Гаџова, Жарко Кујунџиски, Ѓоко Здравески, Мане Манушев, Марта Марковска, Анета Василева, Анета Попова, Снежана Стојчевска, Гаврило Миловановиќ, Иван Антоновски, Драгана Евтимова, Ненад Јолдески, Винета Огненовска и Душко Крстевски.
Вечерта ќе биде збогатена со мал музички концерт на ансамблот Билјана од Охрид. По поетското читање, годинава ќе биде претставена изложба на академскиот сликар Александар Станковски, со наслов „Поетика и политика“.
На интернационалната вечер на 17ти август, ќе читаат поетите: Одвиг Клив од Норвешка, Татјана Данилијанц од Русија, Игор Тиш од Словачка, Поли Муканова и Роман Кисјов од Бугарија и Жељко Миловиќ од Црна Гора.