Започнува Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон

Шестото издание на Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ започнува денеска со неколку филмски работилници и проекции. Утре во кино Фросина, во Младинскиот културен центар ќе се одржат проекции на детски анимирани филмови синхронизирани на македонски јазик „Големата авантура на Пим и Пом“ и „Детето Фантом“.

На 24 и 25 ноември во Кинотека на Македонија ќе се случат и проекции на тинејџерските филмови „Созревањето на Ева Ван Енд“ и „Одење до Месечината“ придружени со филмски работилници чија заедничка цел е поттикнување и развој на кино културата кај младата публика.

Од пристигнатите филмови, жирито во состав Валентино Скендеровски, музички продуцент и професор на ЕСРА, Бесфорт Имами, камерман и Игор Ангелов – актер, ќе ги изберат најдобрите филмови во следните категории:

  • Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“
  • Најиновативен филм
  • Најоригинална приказна
  • Најдобра идеја
  • Најдобар филм во програмата Млади таленти
  • Најдобра музика во филм во програмата Млади таленти

Наградите ќе бидат доделени на завршната вечер која ќе се одржи во МКЦ, во кино Фросина, на 26ти ноември, со почеток во 20 часот.

„Мобил Фестивал“ е во организација на  продуцентската куќа КТ ФИЛМ И МЕДИА, поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, и во соработка со Кинотека на Македонија, Факултетот за Аудио-визуелнии уметности-ЕСРА и Центарот за Креативен Развој.