Започнува Интернационалниот турнир Дота 2 со награден фонд од 23 милиони долари

Денеска се отвора Интернационалниот турнир Дота 2, најголемо вакво натпреварување во историјата на е-спортовите. Најдобрите Дота 2 екипи од целиот свет ќе се борат за дел од наградниот фонд кој годинава тежи околу 23 милиони евра. Натпреварувачите ќе имаат десет дена исцрпувачки и интензивни натпревари, по што ќе се формира тимот кој ќе влезе во историјата на е-спортовите.

На турнирот кој традиционално се одржува во Сиетл, САД, за големата награда ќе играат 18 најдобри Дота 2 екипи. Благодарение на навивачите, наградниот фонд за годинешниот турнир стигна до 23 милиони долари, што е за милион и пол повеќе од минатата година. Победниците на овој уникатен натпревар имаат можност за заработка на 10 милиони долари.

Првиот натпревар меѓу екипите започнува утре во 18:30 часот, по наше време. Распоредот е достапен на официјалната страница , a натпреварот може да се следи бесплатно преку  видео стрим.

Лани македонскиот гејмер од Свети Николе Мартин Саздов Сакса го освои второто место на Интернационалниот турнир Дота 2. Тој и неговиот тим Digital Chaos освоија 3,4 милиони долари.