Започнува фестивалот „Актерот на Европа 2014“ во Преспа

Од денеска (6 јули, недела) до 11 jули 2014, во Ресен ќе се одржи дванаесетото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа”. На свечено отворање на фестивалот ќе присустува и актерот Раде Шербеџија од Хрватска, кој оваа година е лауреат на престижно признание „Актер на Европа 2014“.

Започнува фестивалот „Актерот на Европа 2014“ во Преспа

Овој фестивалот беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне „Да се гради Европа значи да се гради мир”.  По прогласувањето од страна на Европскиот Парламент на митското Преспанско езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот.

Наградата „Актер на Европа“ првпат беше доделена 2003 година, а ја понесе легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија. Следеа Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија и Ана Патерсон од Шведска.

На фестивалот до сега учествувале повеќе од 120 претстави од скоро сите европски земји. Фестивалот се одржува во организација на Езеро Без Граници, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Општина Ресен, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Македонија. Фестивалското жири го сочинуваат Мето Јовановски – претседател на жирито, Мартин Кочовски и Весна Гаврил – членови на жирито.

ПРОГРАМА

06 Јули – Раде Шербеџија
Свечено отворање на фестивалот и доделување на наградата Актер на Европа 2014 на актерот РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА. Поезија на трите јазици на езерото, специјални гости: Димитри Оргоцка – Албанија, Криса Јоаниду – Грција, Мето Јовановски – Македонија

07 Јули – „ПЕРВЕРЗИЈА” – Грција
Автор на текст: Хозе Санчиз Синистера, Актер: Ноника Малкотузи, Режија: Криса Јоаниду

08 Јули – „Мојата Преспа, Мојот Ресен… Моја Судбина”
Адаптиран текст на Ката Руменова Мисиркова, Адаптација: Офелија Богоевска, Режија: Сотир Чаушевски, Актер: Марија Кондовска, Музика: Тони Карапанчевски

09 Јули – „ЕДИТ ПИАФ – ОПШТИ МЕСТА” – Франција
Актери: Патрис Буги, Шантал Шарпентиер, Мишел Каил, Силви Тернон, Амели Венис, Автор на текст: Еудес Лабрус, Фотографии: Еван Моршоин, Музички советник: Бернард Розек, Дизајн на светло: Ромен Моте, Дизајн на претставата: Франсоаз Фитилис Лабрус

10 Јули – „ТОБЕЛИЈА” – Словенија, Бугарија, Македонија, Црна Гора
Автор на текст: Љубомир Ѓурковиќ, Режија: Ник Апер, Превод: Александра Ливен, Дизајн на сцена и костим: Марија Диманова, Кореографија: Јасна Кнез, Консултант: Веселина Ѓулева, Избор на музика: Дамир Домитровиќ, Актери: Јоана Поповска, Росица Огњанова, Камелиа Лишковска

11 Јули – „ВЕЈКА НА ВЕТРОТ”, Театар Фабрика, Макеоднија
Автор: Коле Чашуле, Режија: Ирена Стеријовска, Сценографија: Стефан Спировски, Костимографија: Ана Кркулевска, Играат: Кристина Ласовска, Рубенс Муратовски , Атанас Атанасовски, Драгана Левенска