Започнува Европска стартап недела и во Скопје

Почнувајќи од денес, до 10 февруари, стартап заедниците од повеќе од 40 држави и 200 градови во Европа ќе ја одбележат Европската стартап недела.

Настанот е создаден да ги вклучи сите европски региони во програма фокусирана на стартапите. Во Скопје, неделата ќе биде фокусирана на промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.

„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања. Ќе трае до 10 февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.

Активностите ќе ги одржат локалните коорганизатори од Фондот за иновации и развој на технологиите, Стартап Македонија и Евро-македонскиот центар за знаење и иновации (Бојана Трајковска, Виктор Дано, Анета Палевска, Илија Вучков, Игор Маџов, Јулиа Мицевска, Зоран Настески, Елена Јовевска).

Повеќе информации на следниот линк.