Започнува четвртото издание на „Watch out“ во Тетово

Центарот за балканска соработка „Лоја“, по четврти пат го организира интернационалниот филмски фестивал „WatchOut” кој ќе се одржи од 26-ти до 29-ти мај, во амфитеатарот на Музејот на Комунистичката партија на Македонија во Тетово.

Организаторите информираат дека за време на фестивалот, во Тетово ќе престојува светски познатиот видеоартист и куратор Скип Блумберг.

„WatchOut” е фестивал на отворено и филмовите кои конкурираат се поделени во четирите категории кратки играни филмови, анимирани , експериментални и документарни. Со свои дела, оваа година се пријавиле уметници од пет континенти од 50 различни држави од светот.

Локални уметници ќе имаат можност да учествуваат на работилница која ќе се случува за време на самиот фестивал, и која ќе биде реализирана од страна на Скип Блумберг. Воедно, работилницата ќе го означи почетокот на проектот „Tetovo Transformers”.