Започнаа уписите на УКИМ

Денеска започнаа уписите на универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,  во академската 2016/2017 година. Пријавувањето на кандидатите кои се запишуваат во прва година во првиот уписен рок ќе треа до утре.

На УКИМ се слободни вкупно 10.535 места, од кои 6.606 за редовни студенти во државна квота, 2.819 во квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите. Место има и за запишување на 1.110 за вонредни студенти.

Гужва утрово на ФИНКИ

Надоместот за редовните студенти е 200 евра или 100 евра за дисперзирани студиски програми. Износот за студиите со кофинансирање е 100 до 400 евра.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 5 септември, а третиот на 15 септември.