[Фото] Започна третиот, најмасовен средношколски марш во Скопје

Со пароли како „Не си го реформирај образованието министре“, „Еrror 404 sredba not found“, „И ние ли ќе бидеме заменети“ реки од средношколци од сите страни се пристигнаа во Градскиот Парк од каде започна третиот средношколски марш во Скопје. Средношколците бараат враќање на стариот начин на полагање на државната матура, како и укинување на екстерното тестирање и се револтирани од игноранстскиот однос на надлежните кон нив.

Учениците поддржани од настаниците, родителите и бројни граѓани се движат кон Владата на Република Македонија, за да стигнат до Министерството за образование како крајна дестинација за маршот.

Ним ќе им се придружат студентите, кои кратко време пред средношколците тргнаа од платото пред УКИМ кон Владата.

Со редовни ажурирања, преку „Блог во живо“ Радио МОФ известува за сите случувања во текот на протестот. Средношколски протести денеска се најавени и во Охрид, Битола, Тетово.