Започна со снимање краткиот игран филм „Зајко“

На неколку локации во Скопје се започна со снимање на краткиот игран филм со работен наслов “Зајко”, кој е во македонско-хрватска копродукција. Филмот е во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото е на Марко Чавка.

Актерската екипа ја сочинуваат нашите познати актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска.

Станува збор за емотивна приказна која ги опфаќа социјалните разлики и различнте аспекти на идеологијата во современиот свет.