Започна со работа видео-порталот НОВА ТВ

Започна со работа новиот видео-портал НОВАТВ.МК , на кој ќе работат неколку истакнати новинари кои работеа во некогашната А1 телевизија.

Тимот го водат Борјан Јовановски и Билјана Секуловска, а го сочинуваат Менче Атанасова Точи, Александра Бубевска, Сашка Цветковска и Дамјан Варошлија.

 На НОВА ТВ секојдневно ќе се емитуваат вести, анализи, стории и интервјуа, како и авторски емисии на новинарите (неколкупати неделно).
Во рамките на проектот, Радио МОФ  и НОВА ТВ ќе им понудат на петмина млади новинари-практиканти, кои беа одбрани на конкурс,  можност во следните шест месеци преку обука и пракса да се стекнат со искуство во работа на новиот видео-портал.