Започна снимањето на „Неонски срца“, новиот краток филм на режисерката Ана Јакимска

На 30-ти март започна снимањето на новиот краток филм „Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска, по нејзино сценарио во соработка со Диана Воинеа од Романија. Снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Скопје во 4 дена.

„Неонски срца“ е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството.

Со Јордан Симонов во главна улога, на актерската екипа се придружија и Гордана Ендровска,
Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка и Влатко Илиевски.

Покрај Јакимска, филмската екипа ја сочинувааат Александар Ристески, директор на фотографија, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Милена Атанасова, шминка Ирена Сенокозлиоска, а продукцијата е на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Младата режисерка Ана Јакимска (1988) веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе
дојдат децата“ кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски
фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум
светот. Јакимска е дипломец на Катедрата за филмска и ТВ режија на ФДУ Скопје и на катедрата за
Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески. Автор е на два
кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм
(„Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа за македонски артисти (PMG Collective, Foolish
Green, Fitz).

Фото: „Сутерен Студио