Започна снимањето на краткометражниот игран филм „Два”

Деновиве започнува снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Два”, во режија и по сценарио на Марија Апчевска, соопштија од „Квазар Филм“.

Ова е втор краток филм на младата режисерка, која во 2012 успешно дебитираше со својот прв филм „Бардо” кој беше прикажан во Берлин. Снимањето ќе се одвива шест дена на повеќе локации во Скопје.

Филмот жанровски е „coming-of-age“ драма за една ноќ во животот на две деца и нивниот татко. Улогите ги толкуваат: Владимир Тулиев, Димитрија Марковски и Антонија Белазелкоска. Директор на фотографија е Владимир Самоилвски, сценограф е Кирил Спасески, а костимите се на Раде Василев, а шминката е на Горан Игњатовски, за кастингот се погрижи Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Филмот е во продукција на Квазар Филм и е поддржан од Агенцијата за Филм на Р. Македонија.