Започна снимањето на краткометражниот филм „Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ

Од денеска започна снимањето на краткометражниот филм „Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на ДФВП Партизанс.

Филмската приказна ја следи Тина, 22-годишна интровертна девојка со ниска самодоверба која се бори со идејата како треба да изгледа нејзиното тело. Таа е под влијание на моделите на патријархалното општество и луѓето околу неа.

Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стевковска, Тамара Ристоска, Јордан Симонов, Емилија Мицевска Трајковиќ и Ненад Митевски.

Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, снимател на тон Игор Поповски.

Проектот ќе се снима на локаци во Скопје до 1 декември, а е финансиран со средства од Агенцијата за филм на Македонија.