Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина во Скопје

Со реконструкција на живеалиштето на жирафите, утринава започна проектот за реновирање и реконструкција  во Зоолошката градина во Скопје.

„Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот „Европска Зоолошка“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Реновирањето пред зимскиот период е донација од градежната фирма „АД Карпош“.