Започна пријавувањето за годинешниот Скопски маратон

Учесници од 15 држави: Македонија, Холандија, Албанија, Турција, Франција, Данска, Австрија, Велика Британија, Финска, Германија, Романија, САД, Полска, Бугарија и Србија досега се регистрирани за годинашниот Скопски маратон.

Започна пријавувањето за „Скопски маратон 2014“

Маратонот ќе се одржи на 11 мај, традиционално во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје, пишува МИА. Пријавувањето за најголемата спортска манифестација е започнато – последен рок за пријавување за маратонот и полумаратонот е 20 април, а за трката на 5.000 метри – 30 април.

Стартниот пакет содржи маица со логото на трката, стартен број со чип, програма за трката и освежување. Ќе може да се подигне на 8 и 9 мај, од 10 до 19 часот, а на 10 мај од 10 до 17 часот. Местото на подигање ќе биде дополнително објавено. Котизацијата (500 денари за маратонската и полумаратонската и 250 денари за трката на 5.000 метри) се плаќа при пријавувањето преку интернет или преку уплатница. Плаќањето треба да биде извршено најдоцна во рок од 48 часа од поднесувањето на пријавата, во спротивно нема да биде гарантиран стартен пакет. На денот на трката нема да можете да се подига стартниот пакет.

При подигање на стартните пакети мора да се покаже лична карта, патна исправа за странските натпреварувачи, потврда за онлајн плаќање или уплатница. Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.

Повеќе информации можат да се добијат во Сојузот на спортови на Скопје на тел: +389 2 3228624 или на е-маил info@skopskimaraton.com.mk, како и на следниот линк.