Започна полагањето на државната матура во августовскиот испитен рок

Со испитот по задолжителниот предмет – мајчин јазик, започна полагањето на државната матура во августовскиот испитен рок во кој се пријавени 1802 ученици. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик турски јазик и литература.

На 16 август 88 кандидати ќе полагаат математика, додека во среда, 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1294 кандидати, француски јазик и германски јазик по 4 кандидати и 1 кандидат руски јазик.

На 18 август ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.

Испитите се реализираат на 11 локации во Република Македонија.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење во Република Македонија учениците екстерно треба да имаат положено 3 предмети. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.