Започна Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2017“

Над 500 млади фудбалери присуствуваа на свеченото отворање на четвртото издание на Меѓународниот младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2017“, синоќа на плоштадот „Филип Втори“. Турнирот се одржува од 31 јули до  5 август на терените на Ѓорче Петров, Локомотива, Горно Лисиче, Цементарница и на Илинден.

Проектот „Скопје Куп 2017“ се реализира  во соработка со Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија.

На  него ќе  учествуваат  24 екипи со околу 500 учесници, млади фудбалери родени по 2000, односно 2002 година. Покрај репрезантацијата на Град Скопје, учествуваа екипите: ФК. Вардар – Скопје, ФК Војводина – Нови Сад, ФК Реал – Ниш, ПФК. Септември – Софија, ФК ДИТ – Софија, Ф.К. Пелистер – Битола, НК Осјек – Осјек, НК Цибалија – Винковци, НК. Сесвете – Загреб, НШ. Буба мара– Загреб, Академија пандев – Струмица, ФК. Шкупи – Скопје, ФК. Шкендија – Тетово, ФК. Победа – Прилеп.