Започна ликовната колонија „Скопје 2015“

Ликовни уметници од различни генерации од денеска до крајот на август во Скопје ќе творат во рамки на 10. меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“.

Колонијата ја организира Музејот на Град Скопје, а уметниците од земјвава и регионот ќе имаат можност да се запознаат со богата разноликост од архитектура, културна историја и традиција на градот.

На десеттото издание на ликовната колонија ќе учествуваат Ване Костуранов, Али Синани, Петра Јовановска, Стојче и Емилија Тоциновски и Петар Попчев од Македонија, Мариана Алассеур од Чешка, Фусун Чалајан од Турција, Малгорзата Јоана Каплан од Полска, Вацлав Малина од Чешка и Нејра Сабљица од Босна и Херцеговина.