Започна изградбата на музејот до пештерата каде беа заробени децата и нивниот тренер

Со традиционална будистичка церемонија започна изградбата на музеј, со кој ќе се одаде почест на драматичното спасување на 12 деца и нивниот тренер и еден спасувач, кој загина.

Музејот ќе биде во близина на пештерата Там Луанг во северната тајландска провинција Чианг Раи.

Се очекува изградбата на музејот да трае пет месеци и да чини 10 милиони бати (300.000 долари).

Парите за изградба на музејот се донација од тајландскиот уметник Чалармчаи Коситпипат. Тој наведе дека со музејот ќе им се одаде почест на мултинационалната соработка и на херојот што го жртвуваше својот живот.

Статуа на нуркачот Самарно Кунан, кој почина за време на спасувачката акција, ќе биде поставена пред музејот.