Започна Интернационалниот извиднички камп во Македонија

Од денеска до 27 Август во земјава се одржува Интернационалниот Извиднички Камп 2014г. на кој ќе учествуваат 20 Извидници од Париз, Франција и 15 извидници од Македонија од Првиот Скопски Извиднички Одред, Извиднички Одред Браќа Миладиновци, ИО ММ Брицо, Извиднички Поречански Одред Јадран, Извидничко Поречански Одред Галеб, ИО Крсте Јон – Струга, ИО Мирко Милески и Извиднички Одред Пионер.

Започна Интернационалниот извиднички камп во Македонија

Извидничката дружба ќе започне со пристигнувањето на извидниците од Франција во Скопје од каде ќе се упатат во ИЦО каде ќе го изградат првиот камп, информираат од Првиот Скопски Извиднички одред.

На кампот ќе се одржуваат активности и работилници од меѓукултурен карактер, извиднички вештини, дводневно искачување со преноќување во природа, еднодневна посета со брод до Свети Наум, разни водени активности како едрење и возење кану и секако вечерни интернационални забави покрај логорски оган.

Вториот дел од дружбата ќе се пресели во прекрасното с.Скребатно каде заедно со GoGreen ќе се одржи петдневен Еко Камп.

За крај по враќањето во Скопје извидниците од Франција ќе имаат забавна мисија да го запознаат Скопје преку таканаречено Барање на богатство кое ќе им пружи можност навистина да го прошетаат градот и планината Водно, се вели во соопштението на Првиот Скопски Извиднички одред.