Започна Фестивалот на алтернативен театар „Импакт“ во Велес

Синоќа во Велес беше изведена првата од петте најавени претстави на програмата на третото издание од годинашното издание на Фестивалот на алтернативен театар „Импакт“, кој ќе трае до 7 ноември.

Во клубот „Тарантино“ се одигра претставата  „Ајде да имаме секс“ на Теа Беговска. Вечерва пак, на малата сцена во театарот во Велес ќе биде изведена и втората претстава  „Со љубовта шега нема“ на Интимен театар од  Скопје.

Инаку, вчера по улиците на Велес беше изведен и првиот перформанс преземен првпат во Македонија од Прашкото квадринале, а  беше изведен перформансот  „Некои“ од бугарскиот слободен автор и сценограф Лили Џагарова.

Пет девојки од Велес, облечени во црна облека и на знамиња, со заштитни маски   прошетаа низ градот и пренесоа порака против молчењето.

Денеска по велешките улици ќе има  нова костимска презентација  на  Ханс Харлинг од Либан, со проектот ,,Плас-тик“.

Во наредните денови ќе бидат изведени и перформансите „Враќање на рајот,“ од  Лиса Клите од Данска и „Булки“ на Емили Обијен од Ирска.

Фестивалот „Импакт“ е финансиски поддржан од Европските фондови, од Германската фондација „Алијанс“, а годинава првпат од Министерството за култура и со техничка поддршка на велешкиот театар каде се одржуваат дел од претставите на „Импакт“.