Запленети 324.000 искористени кондоми во Виетнам кои биле испрани и спремни за препродажба

Стотици илјади искористени кондоми пронашла полицијата при претрес во магацин во провинцијата Бин Дуонг на југот на Виетнам. Сопственичката, 33-годишната Фам Ти Тан Нгок е осомничена дека организирала нивно „рециклирање“ и враќање на пазарот, пренесува хрватски „Н1“.

Локалниот портал „VN Explorer“ наведува дека запленетите 324.000 кондоми тежеле околу 360 килограми, и дека осомничената сопственичка на полицијата им рекла дека кондоми еднаш месечно ги добивала од „непозната личност“.

Нејзината задача, како што се наведува, била да организира перење, сушење и сортирање на кондомите. Работниците во погонот потоа со помош на гумени дилда ги враќале во изворниот облик.

Во написот кој почнува со „Ако патувате за Виетнам, понесете си свој“, „Дејли мејл“ наведува дека полицијата ги запленила кондомите и како материјален доказ и како „опасен медицински отпад“, како што изјавиле локалните власти.