Запалена статуата на Меланија Трамп во Словенија

Според уметникот кој ја изработил, дрвената скулптура на првата дама Меланија Трамп,  поставена близу до нејзиниот роден град Севница, била запалена за време на прославите во чест на Денот на независноста.

Бред Дауни, американски уметник кој живее и работи во Берлин, истакнал дека скултурата во вистинската големина – сега јагленосана и уништена, била отстранета набрзо откако полицијата на 5 јуни го известила за случајот.

Скулптурата била уништена една година по нејзиното поставување.

„Сакам да ја знам причината зад ваквиот чин“, истакнал Дауни кој се надевал дека ова дело ќе поттикне разговор за политичката ситуација во Соединетите држави, истакнувајќи го статусот на првата дама која е имигрантка омажена за претседател кој се колне дека ќе ја намали имиграцијата.

Канцеларијата на Меланија Трамп не дала коментар за овој чин.

Во изминативе недели, претседателот Доналд Трамп истакна дека ќе биде побарана одговорност од секој кој уништува американски историски споменици, како резултат на политичкиот активизам против расна неправедност кој ја вжешти земјата.

Дауни, нагласил дека покренал полициска истрага и додал дека би сакал да ги интервјуира сторителите за својот документарен филм. Филмот треба да ја отвори неговата изложба во Словенија.

„Истрагата за овој случај не е завршена и поради тоа не можеме да откриваме детали кои се во интерес на процедурата“, изјавила портпаролката на полицијата Аленка Дреник.

Иако ликот на Меланија Трамп не бил детално издлабен, статуата е облечена во препознатливато сино палто кое таа го носела на претседателската инаугурација во 2017 година.

Статуата била издлабена од липово дрво, а реализацијата на ова дело била на локалниот уметник Алес Жупевиќ.

Во јануари, запалена била голема дрвена статуа налик на Доналд Трамп, близу го градот Моравце, Словенија.

Извор: Guardian