Заминувањето на младите скапо ќе ја чини Македонија

Заминувањето на младите скапо ќе ја чини МакедонијаЗаминувањето на младите од земјава е уште еден показател дека македонската економија оди во погрешен правец. Државата не знае како да креира нови работни места, најголем вработувач е партијата на власт која дозволува инфлацијата на дипломи, а најголем извозен производ ни се младите луѓе, дециден е професорот Мирољуб Шукаров кој додава дека ова на долг рок скапо ќе ја чини земјава.

Потребни ни се вистински , а не реформи на хартија, додава Шукаров кој вели дека што поскоро се случат тие, повеќе млади луѓе ќе успееме да задржиме во земјава. Кога Мајда Јошевска се врати од своите постипломски студии по психологија на Кембриџ, се надеваше дека ќе успее да се снајде во земјата во која се чини дека соништата на младите тешко се исполнуваат. Вели, наместо врз основа на компетенции и знаење, работните места кај нас се добиваат на поинаков начин. Мајда засега е решена да остане во Македонија. Но , до кога, сеуште незнае, бидејќи надежта полека ја напушта. Нејзините колеги пак кои сеуште се во странство и имаат можност да видат како функционираат работите во развиениот свет, се загрижени за својата иднина во Македонија. Неизвесноста е големa, вели Бошко Станковски кој сега го работи својот докторат во Велика Британија.

Но се чини дека само желбата за враќање назад, нема да го спречи одливот на младите од земјава. Бројките се запрепастувачки. Според последните податоци од Еуростат, од 1998 до 2011 година, 230.000 граѓани официјално се иселиле од земјава или повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија.