„Залагање за акција“ – промоција на прирачник и дискусија

Младински образовен форум (МОФ) и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, на 27 мај (вторник), 12:00 часот во ГЕМ (Менада, Стара Чаршија) организираат настан посветен на застапувањето, активизмот и залагањето за акција. Целта на овој граѓански собир е да сподели теоретски и практични знаења и искуства во делот на остварување промени за подобрување на животот на заедниците.

Младински образовен форум (МОФ) и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, на 27ми мај (вторник), 12:00 часот во ГЕМ (Менада, Стара Чаршија) организираат настан посветен на застапувањето, активизмот и залагањето за акција. Целта на овој граѓански собир е да сподели теоретски и практични знаења и искуства во делот на остварување промени за подобрување на животот на заедниците.    На настанот ќе биде промовирана публикацијата “Залагање за акција”, што претставува прирачник за застапување, залагање и делување предводено од млади лица. Намената на овој прирачник е да биде водич за младите луѓе кои размислуваат да го прифатат предизвикот наречен “залагање за промена”, во име на своите врсници и нивните заедници.  Публикацијата е оригинално издадена од IDEBATE Press, а ИДЕА ЈИЕ и МОФ обезбедија превод, адаптација и печатење на изданието на македонски јазик.  Промоцијата на публикацијата “Залагање за акција” ќе биде придружена со дискусија, според следната агенда:  12:00 - 12:20  Презентација на изданието "Залагање за акција"  (Марјан Стојнев, ИДЕА ЈИЕ) 12:20 - 12:30  Што е застапување (залагање за промена)?  (Марјан Забрчанец, МОФ) 12:30 - 12:40  Како застапувањето ги подобрува демократиите?  (Michael Stievater, USAID Macedonia) 12:40 - 12:50  Фото глас - индивидуално и здружено залагање за локална промена  (Никола Писарев, Центар за современи уметности) 12:50 - 13:10  Публика/Дискусија 13:10 - 13:20  Презентација на кратки едукативни видеа  (Што е соопштение за медиуми? Како се организира настан?) 13:20 - 13:30  Што научивме од акцијата "Стоп за ограничувањето на правото на абортус"? (Драшко Костовски, Х.Е.Р.А.) 13:30 - 13:40  Што научивме од акцијата "Да го оживееме Спортски"?  (Бобан Костадиновски, МОФ Тетово) 13:40 - 13:50  Што научивме од активизмот во иницијативите “Стоп за полициска бруталност” и "Операција Студентски дом"  (Стефан Алексиќ, Радио МОФ) 13:50 - 14:00  Презентација на иницијативата за вклучување на општествената работа во наставните програми за средно образование и воспоставување на Центри за советување и кариерно насочување (Орхан Цека, Liberal Alternative Institute) 14:00 - 14:20  Публика/Дискусија  Настанот и печатењето на публикацијата е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

На настанот ќе биде промовирана публикацијата „Залагање за акција”, што претставува прирачник за застапување, залагање и делување предводено од млади лица. Намената на овој прирачник е да биде водич за младите луѓе кои размислуваат да го прифатат предизвикот наречен “залагање за промена”, во име на своите врсници и нивните заедници.

Публикацијата е оригинално издадена од IDEBATE Press, а ИДЕА ЈИЕ и МОФ обезбедија превод, адаптација и печатење на изданието на македонски јазик.

Промоцијата на публикацијата „Залагање за акција” ќе биде придружена со дискусија, според следната агенда:

12:00 – 12:20  Презентација на изданието „Залагање за акција”

(Марјан Стојнев, ИДЕА ЈИЕ)

12:20 – 12:30  Што е застапување (залагање за промена)?

(Марјан Забрчанец, МОФ)

12:30 – 12:40  Како застапувањето ги подобрува демократиите?

(Michael Stievater, USAID Macedonia)

12:40 – 12:50  Фото глас – индивидуално и здружено залагање за локална промена

(Никола Писарев, Центар за современи уметности)

12:50 – 13:10  Публика/Дискусија

13:10 – 13:20  Презентација на кратки едукативни видеа

(Што е соопштение за медиуми? Како се организира настан?)

13:20 – 13:30  Што научивме од акцијата „Стоп за ограничувањето на правото на абортус”?

(Драшко Костовски, Х.Е.Р.А.)

13:30 – 13:40  Што научивме од акцијата „Да го оживееме Спортски“?

(Бобан Костадиновски, МОФ Тетово)

13:40 – 13:50  Што научивме од активизмот во иницијативите „Стоп за полициска бруталност” и „Операција Студентски дом”

(Стефан Алексиќ, Радио МОФ)

13:50 – 14:00  Презентација на иницијативата за вклучување на општествената работа во наставните програми за средно образование и воспоставување на Центри за советување и кариерно насочување

(Орхан Цека, Liberal Alternative Institute)

14:00 – 14:20  Публика/Дискусија 

Настанот и печатењето на публикацијата е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.