Закажана и втора изведба на бродвејскиот мјузикл „Монтипајтоновиот Спамалот“

По целосната распродажба на билетите за премиерната изведба на Монти Пајтон Спамалотзакажана е и втора изведба на популарниот бродвејски мјузикл во Скопје.

Во рамки на Таксират, македонската публика ќе има можност втората изведба ја погледне на 28-ми ноември во МОБ, ден по веќе распродадената премиерна изведба.

„Сите оние кои претходно останаа без билет, сега имаат уште една прилика, и тоа што поскоро да го осигураат своето присуство на овој единствен музичко-сценски спектакл!“, велат од Пасворд продукција.

Билетите за втората изведба на СПАМАЛОТ се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.

Музичката комедија базирана на филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“ прв пат ќе биде одиграна пред македонската публика, а во изведба на извонредниот ансамбл од Србија. Како режисер на мјузиклот се потпишува Радослав – Рале Миленковиќ.

Оригиналната Бродвејска продукција е направена во 2005 година, кога и „Спамалот“ веднаш ја доби „Тони“ наградата за најдобар мјузикл, како и уште две „Тони“ награди, Сара Рамирез за улогата на Дамата од Езерото и Мајкл Николс за најдобра режија на мјузикл. На тоа доделување, „Спамалот“ беше номиниран за вкупно 14 „Тони“ награди.